Проект WeCare

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Универзитет Св. Климент Охридски – Битола

Висока медицинска школа

Ул. Васко Карангелевски бб.

Тел: 047/ 253-268

www.vmsb.uklo.edu.mk

 

ПРОЕКТ: “ЗДРАВСТЕВЕНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА СО КАРДИОЛОШКИ И РЕСПИОРАТОРНИ ТЕШКОТИИ ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН (НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ)/

HEALTH CARE FOR CHILDREN WITH CARDIO AND RESPIRATORY SENSITIVITY IN THE CROSS BORDER AREA (WE CARE)”

 

ОГЛАС ЗА РАБОТНИ АНГАЖМАНИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 

Високата медицинска школа од Битола спроведува проект “ Здравствена заштита на деца со кардиолошки и респираторни тешкотии во пограничниот регион (Ние се грижиме)/ Health care for children with cardio and respiratory sensitivity in the cross border area (We care)” цо рамките на INTERREG – IPA CROSS BORDER COOPERATION PROGRAMME GREECE – THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA 2014 – 2020.

Партнери на проектот:

  1. Organization of Social Protection, Solidarity and Education (O.S.P.S.E.) of the Municipality of Volvi.
  2. Panhellenic Organization of Women “ Panathinaiki” – Thessaloniki Branch “Thermaides”.
  3. Doctors of the World – Greek Delegation.
  4. University St. KlimentOhridski, Higher Medical School – Bitola.
  5. Association for sustainable development SFERA MACEDONIA.

Цели на проектот:Имплеменрација на акции за детектирање на здравствени проблеми кај деца на возраст од 6 до 12 години во пограничниот регион. Стручните лица вклучени во проектот ќе вршат прегледи на 800 деца со цел скрининг за идентификација на нови пациенти, примарна здравствена заштита (мониторирање) на децата со предходно дијагностицирано заболување, советување и обука на родителите и наставниците за зголемување на безбедноста и потребата од правилно реагирање во ургентни ситуации кај децатакако и зголемување на свесноста кај родителите и наставниците, имплементација на алатки и далечинско мониторирање за зголемување на безбедноста кај децата со сериозни здравставени проблеми.

Времетраење на проектот:31 месец, од 01.05.2018 год. до 08.12.2020 год.

Со цел успешна реализација на проектот, Високата медицинска школа има потреба од ангажирање на надворешни лица за следните позиции: еден докторспецијалист по хирургија, еден доктор специјалист по радиологија и еден психолог.

Временска рамка на ангажманот:за успешна имплементација на проектот ангажманот на докторот специјалист по хирургија,  докторот специјалист по радиологија и ангажманот на психологотќе биде од 12.10.2020 до 08.12.2020 година, со доставување на извештаи на месечна основа за својот ангажман и активностите кои ќе ги спроведуваат.

Локација: Дел од активностите ќе се одвиваат на терен во пограничниот регион, дел во просториите на Високата медицинска школа и по потреба на настани и состаноци со партнерите на проектот.

Хонорари:

  • Доктор специјалист хирург со бруто износ на сатница од 20евра во денарска противвредност (предвиден број на работни часа 96 ).
  • Доктор специјалист радиолог со бруто износ на сатница од 20 евра во денарска противвредност (предвиден број на работни часа 96).
  • Психолог со бруто износ на сатница од 20евра во денарска противвредност(предвиден број на работни часа 75).

 

Потребни квалификации на кандидатите:

  1. Специјалист хирург (едно лице):

 

  • Диплома за завршена специјализација по хирургија
  • Диплома за завршен степен доктор по медицина
  • Повеќегодишно клиничко искуство
  • Учество во реализација на проекти

 

 

Активности на специјалистот хирург:

 

Специјалистот хирург ќе биде вклучен во обуката на родителите и наставниците на децата, во кабинетски услови или на терен со практично прикажување врз фантоми. Истатаќе се состои од кратко теоретско излагање со осврт на понудените опции при хирушко решавање на здравствените проблеми кај децата со дијагностицирана болест.

 

Период на ангажирање: Во период од 12.10.2020 до 08.09.2020година хирургот треба да работи 96работни часа. Плаќање по доставена потврда за изработени часови, кратки извештаи за спроведеноте манипулации и одобрување од страна на раководителот на проектот.

 

  1. Специјалист радилог (едно лице):
  • Диплома за завршена специјализација по радилогија
  • Диплома за завршен степен доктор по медицина
  • Повеќегодишно клиничко искуство
  • Учество во реализација на проекти

 

 

Активности на специјалистот радиолог:

 

Специјалистот радиолог ќе биде вклучен во обуката на родителите и наставниците на децата, во кабинетски услови и на терен со практично прикажување врз фантоми. Истата ќе се состои од кратко теоретско излагање со осврт на дијагностичките можности и начинот на изведување на истите во дијагностицирањето и следењето на болестите од интерес кај децата.

 

 

Период на ангажирање: Во период од 12.10.2020 до 08.12.2020 годинарадиологот треба да работи 96работни часа. Плаќање по доставена потврда за изработени часови, кратки извештаи за спроведеноте манипулации и одобрување од страна на раководителот на проектот.

 

Ангажирањето е за определн период. Кандидатот не заснова работен однос.

 

3.Психолог( едно лице )

  • Диплома за завршен Факултет за психологија
  • Најмалку 2 години работно искуство во струката посебно во работа со деца и нивни семејства
  • Учество во проекти

 

Активности на психологот:

 

Психологот ќе биде вклучен во обуката на родителите и наставниците на децата, во кабинетски услови и на терен за психолошко советување и осврт на емотивните реакции кај децата со одредена дијагностицирана болест.

 

Период на ангажирање: Во период од 12.10.2020 до 08.12.2020 година радиологот треба да работи 75 работни часа. Плаќање по доставена потврда за изработени часови, кратки извештаи за спроведеноте манипулации и одобрување од страна на раководителот на проектот.

Ангажирањето е за определн период. Кандидатот не заснова работен однос.

 

Заинтересираните кандидати се повикуваат да достават:

 

  • Пријава за позицијата за која аплицираат
  • Кратка биографија ( CV ), која задолжително содржи податоци за квалификуваноста за позицијата за која аплицираат со релевантни документи во прилог.

 

Краен рок за доставување на документите е 01.10.2020 до 15 часот.

 

Документите треба да се доставуваат  на електронската адреса wecare.vmsb@gmail.com со напомена за позицијата за која се пријавуваат.

 

Напомена: Изборот ќе го врши комисија и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

 

 

24.09.2020 год.Директор

Проф.д-р Домника Рајчановска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
македонски