Покана за форум – театарска претстава

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

 

П О К А Н А

 

Почитувани,

 

Граѓанската организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со   големо   задоволство   ве   поканува   на   форум-театарската   претстава   „Дали факултетот  вака  нè  учи?“  што  ќе  се  одржи  на  16.04.2019  година  (вторник)  на Високата   медицинска   школа   (амфитеатар   1)   при   Универзитетот   „Св.   Климент Охридски” – Битола со почеток во 12 часот.

 

Форум-театарот  е  облик  на  интерактивен  театар  развиен  од  бразилскиот  режисер Август   Боала   кој   има   за   цел   да   прикаже   општествен   проблем   релевантен   за публиката,  при  што  и  самата  публика  има  можност  да  дискутира  и  да  се  вклучи  во неговото решавање.

 

Оттука,  целта  на  оваа  форум-театарска  претстава,  која  ќе  ја  одиграат  6  актери  под водство на експертот за форум-театар Владо Караев, е да се прикажат проблемите со кои се соочува ромската заедница во здравствените установи кај нас и преку интеракц ија да се дојде до промена на наративите кои преовладуваат за оваа заедница и до евентуални решенија за проблемите поврзани со пристапот до здравствените услуги.

 

Претставата се одржува во рамки на проектот Промена на негативниот наратив кон Ромите   во   здравствените   установи,   финансиран   од   Фондацијата   „Отворено општество“ – Македонија.

Print Friendly
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
македонски