Студиски програми и Дизајн на студиите

ДИЗАЈН НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
Сите студиски програми од прв циклус се со времетраење од 3 години, односно 6 семестри и студентите остваруваат 180 ЕКТС кредити.
Студиите завршуваат со полагање на сите испити и со изработка и јавна одбрана на дипломска работа.

ДИЗАЈН НА ВТОР ЦИКЛУС СТРУЧНИ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ
По завршувањето на првиот циклус стручни студии, студентите можат да го продолжат образованието на втор циклус специјалистички стручни студии во траење од една година, односно 2 семестри и остваруваат 60 ЕКТС кредити. и добиваат диплома специјалист за одредена област.
Специјалистичките стручни студии завршуваат со полагање на сите испити и со изработка и јавна одбрана на специјалистички труд.
македонски