Повик за Е+

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Програма ERASMUS+ Академска 2019/2020

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2019 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, УКЛО објавува

ПОВИК за мобилност во рамките на Е+ Програмата KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:
– мобилност на студенти за студирање – мобилност на студенти за стажирање – мобилност на академски кадар за настава – мобилност на академски кадар за обука Времетраење на мобилноста

• Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус) • Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци • Кадри – пет работни денови (со минимум осум часови настава)

За академската 2019/2020, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2019 до 30/09/2020. Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

• редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот • академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e)

Важно: пред пријавување

• Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.

Потребни документи за пријавување на студенти

• Пополнет формулар за пријавување • Потврда за редовен студент • Уверение за положени испити • CV (Europass формат) • Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

• Пополнет формулар за пријавување • Потврда за редовен работен однос • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот на факултетот: 10 јуни 2019 година.

Рок за доставување на апликациите до Канцеларијата за МС: 12 јуни 2019 година.

Сектор за настава, наука и меѓународна соработка Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
македонски