За школата

Образовната концепција се темели на европските и американските стандарди во системот на оценување, организацијата на студиите, дидактичките методи и наставните планови и програми. Праксата на Високата медицинска школа се изведува врз основа на најдобрите искуства и традиции на школата,практичните наставни бази како и примената на сите реформистички принципи иницирани со Болоњскиот процес на реформирање на европското високо образование.
На Високата медицинска школа се изучуваат исклучиво едносеместрални предмети. На студентите им е овозможена иницијатива на самостоен избор на изборните предмети (кои ги има во 25% во сооднос со 75% задолжителни предмети кои го обликуваат профилот) со што студентот го персонализира своето студирање во рамките на избраната студиска програма.
Високата мотивација на студентите и високата проодност на студиите се постигнува со реализација на наставните програми низ теоретската и практичната настава, со употреба и помош на учебници форматирани према болоњската матрица на студирање, интерактивната работа во предавални со мали групи на студенти, кабинетски вежби како и практични вежби во здравствените организации со организирање на семинари, клиничка пракса, симпозиуми, конгреси.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Прв циклус: со успешно завршено 13 години претходно образование - 9 години основно образование и 4 години средно образование (стручно образование или гимназија со успешно положена државна матура), завршена Виша медицинска школа, Висока медицинска школа. Студентите се рангираат според просечниот успех од средното училиште и просечниот успех од стручните предмети.
Втор циклус: може да се запишат лица со завршени додипломски стручни студии на Високите медицински школи по соодветни студиски програми, лица кои имаат завршено прв циклус на студии на студиски програми кои се еквивалентни на студиските програми на Високите медицински школи и ги исполнуваат конкурсните услови како и лица кои дипломирале на други високообразовни институции во земјата и странство на еквивалентни студиски програми и ги исполнуваат конкурсните услови.
Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
македонски