MaReMoTo програмата, односно Проект за истражување на мултидисциплинарни организации за онколошко лекување (Making Research in Multidisciplinary Oncological Treatment Organizations) ја заврши првата фаза од тренингот. Ова е финансирана програма од Европската унија преку програмата Еразмус +, која е насочена кон квалитативна истражувачка методологија применета во областа на здравственото истражување во доменот на онкологијата.
Учествуваат 32 здравствени работници од сите дисциплини, сите селектирани и доаѓаат од различните центри-партнери во проектот: Институтот за фармаколошки истражувања “Марио Негри” – IRCCS од Милано, Универзитетот во Кастилија-Ла Манча (Шпанија), Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола (Северна Македонија). Како дел од проектот учествуваат координаторот на програмата Проф. д-р Изабела Филов заедно со колегите Пред. д-р Ангелка Јанкуловска, Виш пред. м-р Златко Лозановски, Пред. м-р Даниела Петковска и Пред. м-р Денис Арсовски.
Програмата, која вклучува онлајн настава во синхрона и асинхрона форма има основна цел да создаде европска, мултидисциплинарна и мултипрофесионална група на истражувачи во областа на квалитативното онколошко истражување и да искуси еден простор за споделување и генерирање на идеи и можни студии.