Обележан јубилејот по повод 35 годишнината од постоењето на Високата медицинска школа – Битола. Настанот го отвори директорката на ВМШ – проф. д-р Тања Јовановска со благодарност до сите здравствени професионалци, студенти на Високата, како и актуелни и пензионирани професори. Говор одржа и ректорот на Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола кој ја истакна важноста на оваа членка на Универзитетот. Се доделија благодарници за долгогодишна соработка со разни институции, како и свечено доделување на дипломи на студентите од втор циклус специјалистички студии. Честит 35 годишен јубилеј на Висока медицинска школа – Битола! Благодарение на историјата и традицијата на оваа институција, создаваме светла иднина за здравствените професионалци.