Сите заинтересирани студенти за мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата од Високата медицинска школа, можат да конкурираат за летниот семестар во академската 2020/2021. Мобилноста може да биде академска во траење од 5 месеци (еден семестар) или стажирање во траење од 2 месеци (клиничка пракса).
За да конкурирате треба да доставите:
1. Пополнет апликациски формулар
2. Пополнет договор за студирање ИЛИ договор за стажирање
3. CV Europass формат
4. Потврда за редовен студент
Потребно е да ги доставите првите 3 документи во електронска форма, најдоцна до 30 септември 2020 година, до Е+ координаторот на ВМШ, проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, на следната електронска пошта: gordana.ristevska@uklo.edu.mk
Повеќе информации за конкурсот и ЕРАЗМУС+ програмата можат да се добијат од документите во прилог и од веб страната на УКЛО.
ЕРАЗМУС+ Координатор за ВМШ
Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска
Learning-Agreement-for-Studies