Почитувани студенти,
Во прилог е апликационата форма за учество во Краткотрајна интензивна програма финансирана од ЕРАЗМУС+ програмата, на тема РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО СЕСТРИНСТВОТО.
Во рамките на оваа програма ќе се одржи 5-дневна интензивна програма во Солун, Грција после 25 мај 2024 година. Претходно и после интензивната физичка средба, студентите ќе имаат неколку часа активности онлајн.
УКЛО има можност да вклучи и финансиски да поддржи 10 студенти од Високата медицинска школа. Може да се пријават студенти од насоките: општа медицинска сестра, акушерка и физиотерапевт.
Со пополнувањето на овој формулар, го искажувате вашиот интерес да бидете дел од оваа исклучителна можност за учење и соработка.
Ве замолуваме формуларот да биде пополнет најкасно до 30.03.2024
Формулар: https://docs.google.com/forms/d/1V1UnIOxKMEVinnDodeMoEHPpoL0HnUFEXMedJpuUb8M/viewform?edit_requested=true