Денес на Високата медицинска школа во Битола се одржа првиот академски час за учебната 2023/2024 година. На првиот академски час се обрати Директорот на Високата медицинска школа – Проф. д-р Тања Јовановска, која им порача на студентите дека влегуваат во нова фаза од животот и дека е предизвик да студираат токму на Високата медицинска школа, која бележи бројни успеси на наставно научен план.
Почитувани студенти, добивањето на препознатливиот индекс на УКЛО е почетна позиција за идни професионални успеси. Среќно започнување на студиите!