Во Високата медицинска школа во Битола се одржа панел – трибина за Законот за сестринска дејност. Во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола се одржа средба на проректорите проф. д-р Горан Илиќ и проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска со професорот Адриано Фригановиќ, претседател на Европската организација на сестри специјалисти, хрватскиот Национален сојуз на сестри и Друштвото на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија. Професорот Фригановиќ ги пренесе искуствата за кариерен развој на сестринството од земја членка на ЕУ. Средбата исто така доби значајност со присуство на респектабилни претставници од СЗО, МЗ и МОН, меѓу кои д-р Злате Мехмедовиќ, д-р Соња Славковиќ и м-р Гордана Бешлиовска, кои беа главни панелисти на трибината што се одржа во просториите на ВМШ за Законот за сестринска дејност.