Посета на проф. Бахар Инкаја од University од Р. Турција преку ЕРАЗМУС+ програмата за наставен кадар. Професорката ги презентираше своите достигнувања во областа на сестринството, како и презентација на Универзитетот за време на нејзиниот престој во Високата медицинска школа – Битола. Со помош на ЕРАЗМУС+ програмата, Високата медицинска школа ги зацврстува соработките со разни Универзитети од Р. Турција.