На Високата медицинска школа – Битола преку ЕРАЗМУС+ програмата имавме чест да угостиме двајца професори од Киркларели Универзитетот, Р. Турција. Во рамките на нивната мобилност, професорите го презентираа својот универзитет и ги споделија своите знаења во областите од сестринство и акушерство. Овие теми донесоа нови потенцијали и можности за напредок за нашата школа. Благодарни сме за нивната посета и соработката!