Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола заедно со Висока медицинска школа – Битола изработија прекрасна работилница со цел подигање на свеста за ракот на дојка – превенција, рехабилитација и здравствена нега. На работилницата се вклучија студентите, како и Здружение ОДРАЗ. Излагањето го започна Пред. м-р Денис Арсовски со основите информации за рак на дојка и самопрегледот, Пред. д-р Анѓелка Јанкуловска за специјалната нега кај пациентите, волонтер Мелиса Комина говореше за основните начела на постоперативната рехабилитација кај рак на дојка, Пред. м-р Даниела Петковска ја детализираше постоперативната кинезитерапија по рак на дојка, а волонтер Саша Османли ја заврши работилницата со лимфедем, мануелна лимфна дренажа и бандажирање. Ви благодариме на посетеноста и се надеваме дека со овој чекор ја зголемивме свеста за ракот на дојката.