Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост ИКУАЛИТИ, во рамки на проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ , објавува Повик за млади (16 – 24 год.) од Општина Битола, со желба за проактивно делување за промени на општествено релевантни теми. Повикот за аплицирање е отворен до 21 мај 2024 год. до 23:59 часот.

Проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ има за цел поддршка и соработка со млади лица низ 5 форуми во 5 различни општини ширум земјата, кои ќе се вклучат во воведување на промени и изнаоѓање на стратешки решенија за различни општествени прашања на локално ниво, кои се од големо значење, пред сé за самите млади, а исто така и со големо  влијание врз сите учесници во општеството.

Во текот на овој проект, младите ќе имаат можност да ги унапредат личните и професионалните вештини преку:

● Менторирање за лидерство;
● Вмрежување и комуникациски вештини;
● Обуки за физички и ментален имунитет;
● Работа на конкретнa задача за промена од интерес на младите во заедниците каде живеат.

За аплицирање, пријавете се подолу или испратите маил до equalityskopje@gmail.com во кој ќе посочите: Име и презиме, Возраст, Образование (име на училиште/факултет), Општина на живеење и да испратите ваша биографија – CV, најдоцна до 21 мај 2024 год. до 23:59 часот.

По завршување на повикот, на 27 мај 2024 година, од 19 – 20 часот ќе се одржи Информативна сесија за сите пријавени.

Активноста Трет форум за Млади лидери на заедницата, од проектот „ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, со избраните финалисти – 5 или 6 особи, ќе се одржи на  31 мај 2024 година во Битола.

Линк: https://karavan.equality.agency/povik-za-ucestvo-vo-3-forum-za-mentorstvo-bitola/