Проф. Румјана Етова од Медицински Универзитет – Пловдив ја посети Високата медицинска школа преку ЕРАЗМУС+ програмата. Професорката Етова одржа предавање поврзано со нејзината експертиза – Медицински аспекти при поплави на кое присуствуваа студентите од сите студиски програми на Високата медицинска школа. Како поздравен говор, професорката го презентираше и Медицинскиот Универзитет во Пловдив со сите студиски програми и ја истакна можноста за размена на студенти и наставни кадри помеѓу двете институции.