Универзитетот „Св. Климент Охридски”- Битола го промовира првиот број на Нови хоризонти – списание за студентски истражувања заедно со изданието – Зборник на трудови од одржаната Универзитетска студентска конференција. На промоцијата, главниот и одговорен уредник на научното списание Хоризонти и Нови хоризонти, проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ од име на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и комплетното раководство на УКЛО, го изрази задоволството дека списанието Нови Хоризонти е прво од ваков вид и на УКЛО му дава голема причина за гордост. Првиот број на списанието вклучува шест истражувачки трудови од различни дисциплини, чии автори се студенти од УКЛО, во соработка со нивните ментори. Истражувачките трудови се избрани како најквалитетни и третираат разнообразни теми, од урбан развој и медицина до лингвистика и технологија. Истражувачкиот труд на студентот Христијан Стојановски, под менторство на пред. м-р Денис Арсовски се најде меѓу 6те најдобри трудови за објавување во првиот број на списанието.