На 12.04.2024 година се одржа трибина на тема Насилство врз децата и последиците од насилството во просториите на Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски -Битола под организаторство на Inner Wheel Club Bitola. Поканет предавач на трибината беше проф. д-р Изабела Филов од Високата медицинска школа во Битола која како резултат на долгогодишното искуство ги образложи начините на насилство врз децата, меѓуврсничкото насилство, превенција на насилство и плодна дискусија по излагањето на професорката од страна на слушателите.