Проектот „УКЛО НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ“ продолжи со работилницата Ефективни техники за ослободување од стресот при јавни настапи.
Прeдавачите од Високата медицинска школа, м-р Даниела Петковска и м-р Денис Арсовски, студентите ги обучуваа за стратегиите пред јавен настап. Стана збор и за важноста на подготовката што е потребна за успешен и  компетентен настап, коишто истовремено се неопходни во личниот и професионален развој на секој поединец.
Посебен интерес студентите покажаа за техниките за намалување на стресот при јавен настап, начините на нивно спроведување, а стана збор и за значењето на физичката и менталната подготовка што имаат своја важност за постигнување на потребната сигурност кога се зборува пред публика и се изнесуваат ставови на јавната сцена.