Европска сестринска мрежа – European Nursing Module

Високата медицинска школа Битола, е прва и единствена членка на Европската сестринска мрежа( European Nursing Module), респектирана меѓународна организација, основана 1994 година. Во Европската сестринска мрежа членуваат 33 високо образовни институции код 16 европски универзитети, а основна активност претставуваат студентските и размените на наставен кадар, од областа на сестринството, помеѓу членките на мрежата.

Во рамките на активности на ВМШ во ЕНМ во периодот од март 2016 до октомври 2022 се одвиваа следните размени:

Студентски разменипреку ЕНМ

Во март 2016 двајца студенти од Шпанија беа на студентска размена во Високата медицинска школа во времетраење од 2 недели.

Во декември 2016 година е аплицирано и е е одобрена размена на студент од Високата медицинска школа Битола за мај 2017 во Мадрид, Шпанија

Во март 2018 година два студенти од насоката општа медицинска сестра од ВМШ беа на размена во Институтот за сестринство во Винтертур Швајцарија времетраење од две недели.

Во март 2018 година, четири студенти од Швајцарија, еден од Белгија и еден од Велика Британија беа на студентска размена во Високата медицинска школа во времетраење од 2 недели.

Во мај 2018 година две студентки од Велика Британија беа на студентска размена во Високата медицинска школа Битола.

Во октомври 2018 година една студентка од Универзитетот од Антерпен Белгија, беше на студентска размена во Високата медицинска школа Битола.

Во март 2019 година две студентки од Норвешка беа на студентска размена во Високата медицинска школа во Битола

Во октомври 2019 година два студенти од Данска беа на студентска размена во Високата медицинска школа во Битола, во времетраење од 1.5 месец.

Во Март 2020 година две студентки од Белгија започнаа студентска размена, којашто не се реализира до крај поради почетокот на Ковид 19 епидемијата и прогласувањето на мерките на претпазиливост.

Во март 2021 две студентки од Данска реализираа размена на ВМШ во времетраење од две недели.

Во мај 2022 двајца студенти од Швајцарија реализираа студентска размена на ВМШ во времетраење од две недели;

Во октомври 2022 еден студент од Данска резлизира студенска рамена во времетраење од две недели.

Конгресни средби преку ЕНМ

Во април 2014 координаторот на ЕНМ за Високата медицинска школа, проф.д-р Изабела Филов заедно со проф.д-р Стојна Ристевска присуствуваа на годишната конференција на ЕНМ која се одржа во Леиден, Холандија.

Во април 2016 година координаторот на ЕНМ за Високата медицинска школа, проф.д-р Изабела Филов, беше на годишната конференција на ЕНМ, која се одржа во Мадрид, Шпанија.

Во октомври 2021 Високата медицинска школа Битола, беше домаќин на годишната конференција на ЕНМ.

Во мај 2022 координаторот на ЕНМ за Високата медицинска школа, проф. д-р Изабела Филов, беше на годишната конференцијана ЕНМ, која се одржа во Силкеборг Данска.