Во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата во период од 22.04.2024 до 26.04.2024 година пред. м-р Денис Арсовски изврши размена на наставен кадар во Универзитет за применети здравствени науки во Загреб, Р. Хрватска (Zdravstveno Veleučilište Zagreb). Предавањето беше посветено на рехабилитација и окупациона терапија кај лица со мултипна склероза со голема посетеност од страна на студентите физиотерапевти и окупациони терапевти. На предавањата се потенцираше важноста за рехабилитација кај ова заболување, со плодни завршни дискусии. Се истакна и потребата за окупациони терапевти во нашата земја по примерот на студиската програма во Р. Хрватска. Престојот успешно заврши со важни академски контакти за Високата медицинска школа – Битола во областа на физиотерапијата и окупационата терапија, одржување на ЕРАЗМУС+ договорот со Р. Хрватска и размена на искуства помеѓу двете институции.