На 12.04.2024 година проф. д-р Снежана Стоилова од Високата медицинска школа – Битола одржа предавање како поканет предавач на 36те Априлски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари кое се одржа во Хотел Молика. Нејзиното долгогодишно работно искуство го преточи во предавање на тема Епидемиологија и превенција на херпес зостер.
Априлските средби се наменети за сите професионалци кои работат во областа на лабораториската и санитарна медицина со цел да се запознаат професионалците во новите трендови на лабораториската и санитарната медицина.