Денес на Високата медицинска школа во Битола успешно се реализира работилница под менторство на Пред. д-р Анѓелка Јанкуловска, на тема Имплементација на директивите за безбедност при работа со пациенти, во рамките на УКЛО неформално учење.
Работилницата е поддржана и акредитирана и од Meѓународниот совет на сестринство(ICN), со седиште во Женева, Швајцарија кој покрај модулите за едукација овозможува евалуација на наученото со што, секој студент по комплетирање на тестирањето ќе се здобие со сертификат и кредити.
Огромна благодарност до студентите од студиските програми Општа медицинска сестра и Акушерка за активното учество во работилницата.