Упатство за специјалистички труд

Упатство за изработка на семинарска работа

Составни делови на специјалистички труд

 

  1. Поднесување на пријава – (го прави студентот откако ќе ги положи сите предвидени предмети од студиската програма, и ќе приложи потврда за комплетно досие од службата за студентски прашањаПријава за поднесок на темаУплатница и Административна такса) пријавата се поднесува во службата за архива заедно со доказ за уплата на 300 евра по тековен курс на Народна банка и доказ за уплата на Административна такса , а потоа се заведува и кај Виш Пред. м-р Златко Лозановски.
  2. Период на мирување – се очекува да се закажи Наставнички совет на кој што ќе се формира комисија која треба да поднесе извештај по однос на поднесокот на студентот.
  3. Период на мирување – Извештајот на комисијата треба да се прифати на следен наставнички совет и да биди проследен со Одлука за прифаќање на насловот на темата.
  4. Прифатениот труд заедно со одлуката се испраќаат за објава во Билтен на Универзитетот (кој најчесто се објавува на крај од секој месец).
  5. Поднесување на Барање за Ментор – го прави студентот (Откако Одлуката ќе биде објавена во Билтен на Универзитетот (истото може да го проверат и самите студенти на линкот https://uklo.edu.mk/uklo/akti/bilten-na-univerzitetot/ ), студентот поднесува Барање за ментор до службата за архива.
  6. Период на мирување – се очекува да се закажи НС на кој што ќе се прифати барањето за ментор.
  7. Поднесување на Барање за формирање на комисија за оценка на специјалистичкиот труд го прави студентот, поднесува Барање за формирање на комисија за оценка на специјалистичкиот труд во службата за архива заедно со испечатени три примероци во спирала претходно одобрени од менторот.
  8. Период на мирување – се очекува да се закажи НС на кој што ќе се формира комисија која треба да поднесе извештај по однос на барањето за формирање на комисија за оценка на специјалистичкиот труд на студентот.
  9. Период на мирување – Извештајот на комисијата треба да се прифати на следен наставнички совет и да биди проследен со Одлука за прифаќање на оценка на трудот, при што на истата седница на НС се формира комисија за одбрана на специјалистички труд.
  10. Студентот ќе биде информиран од страна на менторот за заеднички договор со останатите членови на комисијата за термин за одбрана на трудот, водејќи сметка за проверка на трудот од можен плагијат. Проверката ја иницира менторот кон zlatkolozanovski@gmail.com а воедно студентот во истиот период е задолжен да се јави во службата за студентски прашања за средување на студентското досие.
  11. Пред комисијата да го закаже терминот за одбрана на трудот – потребно е со соодветно соопштение истото да биде јавно објавено на страната на Високата медицинска школа – во делот на втор циклус – соопштенија, минимум 7 денови пред одбраната на трудот, за таа цел студентот контактира на zlatkolozanovski@gmail.com и ги поднесува потребните информации.
  12. Печатење на трудот во 7 ( седум) примероци во тврд повез со сито печат на насловна страна и истите примероци потребно е да бидат доставени кај Виш. Пред. м-р Златко Лозановски минимум 4 денови пред одбраната на специјалистичкиот труд а воедно и потврда од службата за студентски прашања за подмирени финансиски средства и административни обврски.